Свет

„Гебрудер Вајс“ го зголемува присуството во Германија

16 Sep 2021

Од октомври, „Гебрудер Вајс“ ќе отвори нова локација во Штраубинг, Германија, од каде ќе нуди целосни логистички услуги. 

Со тоа, компанијата дополнително напредува во консолидацијата на својата мрежа копнен транспорт ширум јужна Германија. Објектот во Штраубинг, баварскиот трговски центар, ќе биде сместен на простор од 45.000 метри квадратни, во склоп на индустриски парк. Планот е оваа локација да прерасне во главно упориште на транспортната копнена мрежа во јужна Германија, овозможувајќи им на регионалните компании пристап до комплетното портфолио на „Гебрудер Вајс“. 

Наскоро, компанијата ќе објави огласи за 60 - 80 работни места од сите области на шпедитерското работење. Долгорочно се предвидени 120 нови работни позиции. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...