Британската корпорација „Номад фудс“ најави дека во соработка со американската компанија „Блу налу“ развива производство на морски плодови во лаботраториски услови.
Од „Номад фудс“ најавуваат дела целта е комерцијализација на лабораториски одгледуваните морски плодови за да се задоволи растечката побарувачка, а притоа, долгорочно да се зачуваат природните живеалишта на рибите.
„Номад фудс“ и „Блу налу“ ќе соработуваат за истражување на пазарот и анализа на навиките на потрошувачите. Двете компании ќе настојуваат да проценат што е потребно за да добијат одобрување од надлежните регулаторни тела за производите, но ќе истражуваат и нови деловни и производствени можности за европскиот пазар.
Европа е најголемиот увозник на морски плодови во светот, се наведува во извештајот на Европската Унија за „сината економија“, која се однесува на заштитата на морската средина.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.