Свет

Coca-Cola е најпродаваниот бренд веќе 17. година по ред

10 Sep 2021

Coca-Cola е рекордно, 17-та година по ред, e прогласен за најпродаван бренд во Ирска, според најновото истражување Checkout Top 100 Brands, спроведено во соработка со списанието Checkout (водечки магазин за FMCG- индустрија) и NielsenIQ.

Брендот грицки Tayto е на второ место на листата, што е подобрување за една позиција во споредба со 2020 година.

За првпат, брендот на енергетски пијалоци Monster (седмо место) се најде во првите десет, додека нивниот ривал Red Bull е на деветтото место.

Како и 2020 година, и годинава беше дефинирана со пандемијата, што направи сеизмичка промена во навиките за купување кај потрошувачите, рече Маев Мартин, уредник на списанието Checkout. Исто така, гледаме силен раст на продажбата кај ирските брендови.

Извештајот Checkout Top 100 се базира на продажбата на брендови во ирскиот сектор за производи за широка потрошувачка - во анкетата, NielsenIQ ги измери продажните перформанси на над 5.000 брендови од над 200 категории производи.

Првите 10 брендови се: Coca-Cola, Tayto, Dairy Milk, Lucozade, Avonmore, Brennans, Monster, 7UP, Red Bull, Jacobs.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...