Свет

Пораснаа акциите на Gillettе и Pampers

16 Aug 2021

„Проктер & Гембл“ прогнозира повисок основен профит за оваа година, и покрај предупредувањето за скоро 2 милијарди американски долари од удари од повисоките трошоци за превоз и суровина. Ова се случува во време кога гигантот за производи за широка потрошувачка типува на зголемување на цените и намалување на трошоците за да го ублажи влијанието врз неговите маржи.

Акциите на производителот на брендовите Gillettе и Pampers пораснаа за 1,3 проценти до 141,35 долари пред почетокот на тргувањето, откако компанијата ги објави приходите од продажба во четвртиот квартал што ги надмина предвидувањата. Компанијата очекува годишниот нето приход од продажба да порасне помеѓу 2 и 4 проценти.

„Проктер & Гембл“ се соочува со значителен пораст на цените на повеќето суровини што ги користи, при што целулозата, смолата и полипропиленот се еден од двигателите на овој процес, изјави главниот финансиски директор, Андре Шултен.

Компанијата очекува 100 милиони долари повеќе за трошоци за превоз во оваа година, главно во САД, поради недостиг на возачи. 

Компанијата очекува годишниот нето приход од продажба да порасне помеѓу 2 и 4 проценти.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...