Свет

„Проктер & Гембл“ најави Lenor картонски шишиња

27 Jul 2021

Компанијата „Проктер & Гембл“ најави покренување пилт - проект во Западна Европа и претставување на првите Lenor картонски шишиња. Првото такво шише треба да се појави на пазарот во текот на 2022 година. 

Овој проект е дел од планот кој има цел до 2030 година да ги намали уделот на пластиката за 50 отсто. Исто така, фабриките на „Проктер & Гембл“ во Европа дополнително се обврзаа дека ќе ја намалат употребата на пластика за 30 отсто до 2025 година и дека ќе креираат 100 отсто рециклабилна амбалажа до 2022 година. 

Lenor картонското шише значително ќе ја намали употребата на пластика во споредба со количаната што сега се употребува за амбалажа. Шишето ќе биде направено од ФСЦ сертифициран картон, како и од рециклабилен ПЕТ материјал. Крајната цел е ова шише да може целосно да се рециклира и да ја елиминира употребата на кој било вид пластика. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...