Работниците од Западен Балкан можат повторно да аплицираат за работа во Германија по паузата предизвикана од пандемијата Ковид-19.
Од Министерство за труд и социјална работа на Германија соопштија дека практично сите ограничувања се укинати од четврти јули, кога станува збор за правилото за Западен Балкан.
Поради пандемијата Ковид-19, германското Министерство за внатрешни работи исто така го ограничи влезот од трети земји на ниво на ЕУ. Овие ограничувања беа укинати и не постојат ограничувања за ниту една од шесте земји опфатени со правилото за Западен Балкан. Ова повторно овозможи вработување во Германија преку Правилата за Западен Балкан. Сепак, треба да се нагласи дека воведувањето на ограничувања е можно во секое време, во зависност од развојот на ситуацијата предизвикана од пандемијата, соопштија од Министерството.
Кога станува збор за можно отворање нови работни места во Германија, во моментов нема соодветни податоци. Како што е објаснето, со оглед на тоа што пандемијата сè уште трае, германските работодавци во овој момент не можат да проценат какви ќе бидат потребите на пазарот на трудот во наредните месеци.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.