Свет

Португалија: „Пинго“ го лансираше брендот Go Active

13 Jul 2021

Португалската малопродажна групација „Пинго доце“ го лансираше Go Active, својот прв асортиман на приватна трговска марка посветен на активниот начин на живот.  

Go Active е резултат на заедничката работа на тимови за фитнес, исхрана и квалитет на производи на компанијата „Џеронимо мартинс груп“, од која дел е и „Пинго доце“. Новата трговска марка промовира здрав начин на живот, вклучувајќи врамнотежена исхрана и физичка активност.  

Првиот производ во асортиманот е протеинска овесна каша, која веќе е достапна во повеќе од 400 продавници. Во текот на овој месец, трговецот ќе додаде уште два производи на полиците. Во план е и дополнително проширување на асортиманот после летото. 

Сите производи на Go Active содржат „протеинометар“ во пакувањата. со што потрошувачите веднаш знаат лпчлу протеини содржи производот.

Неодамна, португалскиот трговец презеде чекор напред за да го намали своето влијание врз животната средина - се обврза да ја намали емисијата на јаглероден диоксид за најмалку 20 отсто во рок од пет години во своите логистички операции. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...