Холандската пиварница „Хајнекен“ објави дека ја презеде контролата над најголемата пиварница во Индија, „Јунајјтед бреверис лимитед“ (UBL), со што ја засили позицијата на пазарот кој има значителен потенцијал за пораст во потрошувачката на пиво.
„Хајнекен“ купи дополнителни 39,6 милиони акции на UBL со што го зголеми своето сопствеништво од 46,5 отсто на 61,5 отсто. Зделката е вредна околу 655 милиони евра.
Индиската компанија беше во сопственост на индискио милијардер за кого Индија бараше да биде испорачан од Велика Британија, каде беше во бегство поради позајмици од повеќе од 1,4 милијарди долари од банките во Индија. Поради тоа, банките го презедоа сопствеништвото врз неговиот имот, а надлежната комисија ѝ одобри аквизиција на компанијата „Хајнекен“.
Индија сочинува 18 отсто од светската популација, а потрошувачката на пиво е само 1 отсто. Затоа има долгорочна можност за пораст. Моменталната годишна потрошувачка на пиво е 1,6 литри по глава на жител, додека просечната потрошувачка во светот е 24,4 литри пиво по глава на жител.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.