„Алди“ - Данска го најави отворањето на својот најголем објект во земјата, за 25 јуни.
Станува збор за маркет кој ќе се простира на површина од 1.255 квадратни метри и ќе биде пример за тоа како ќе изгледа новиот лик на „Алди“, соопштија од компанијата.
На денот на отворањето, трговецот ќе дели бесплатни торби и кроасани за првите 100 купувачи, а ќе има и специјален натпревар чиј победник ќе биде муштеријата кој ќе успее да ја наполни количката со што повеќе производи за период од две минути. Победникот ќе ги задржи сите производи.
Новиот супермаркет содржи и екстра широки премини кои овозможуваат поедноставно купување.
Трговскиот синџир пред извесно време почна изградба на нова линија модернизирани објекти ширум земјата под концептот „нов Алди“. Одржливоста е важен аспект на модернизацијата, па на покривот се поставени соларни панели кои произведуваат струја за објектот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.