Свет

„Едека“ ги зголемува очекувањата

17 јун 2021

Германскиот пазарен лидер „Едека“ забележа пораст на продажбата од 9,5%, која достигна 61 милијарда евра во 2020 година. Пазарниот удел на трговецот во земјата, вклучувајќи го и дисконтниот синџир „Нето“, сега изнесува 29,1%.

Додека извршниот директор Маркус Моса претходно очекуваше пад на продажбата за тековната година, тој ја коригира прогнозата и ги зголеми очекувањата. Целта е да се достигне нивото на продажба од минатата година. Истовремено, буџетот за инвестиции ќе се зголеми од 1,9 на 2,3 милијарди евра во 2021 година.

„Едека“ неодамна го претстави новиот вегански бренд Vehappy, како одговор на сѐ попопуларните флекситеријански и вегански трендови.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...