Подружницата на „Реве“, „Била“, ја отвори продавницата „Била регионал бокс“ во Австрија.
Станува збор за многу мала продавница без персонал, на продажна површина од 11 квадратни метри. Мини-продавницата е со асортиман од околу 200 артикли и, засега, е наменета за потрошувачите од руралните области кои имаат помалку можности за купување во близина.
Продавницата е всушност контејнер, во кој се поставени едноставни дрвени полици. На купувачот не му е потребна апликација за да влезе во продавницата. Во објектот може да се влезе само поединечно. Отворен е во текот на целиот ден, а купувачот сам ги скенира производите на касата. Плаќањето може да се изврши во готово, преку картичка и преку паметен телефон. Фокусот е на производите од регионалните и локалните доставувачи.
Други трговци во Австрија што веќе отворија продавници без персонал се: „Тегут“, „Едека“, „Зидвест“ и „Мигрос“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.