По 200 година пауза во работењето, белгискиот манастир „Гримберген“ го продолжува производството на различни видови белгиско пиво.
По повторно почнување со производство дојде благодарение на компанијата „Карсберг“, која гради иновативна пиварница во рамки на познатиот манастир лоциран во близина на Брисел. Со тоа ќе продолжи традицијата на производство на пиво почната тука пред 900 година.
„Карлсберг“ се здружи со манастирот и во дизајн на новиот објект на локацијата каде производството на пиво замре кога зградата беше уништена во тек на Француската револуција.
Пиварницата ќе ги комбинира традицијата и знаењето од античките книги со иновативни техники во создавање единствено премиум пиво кое ќе се произведува во ограничена серија. Во чест на повторното отворање, „Карслберг“ лансира три нови брендови - Grimbergen Magnum Opus Brut Beer, Grimbergen Ignis Quadruple и Grimbergen Astrum Pale Ale.
Објектот има бар и ресторан каде посетителите ќе имаат можност да пробаат различни видови пива.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.