Свет

„Реве“ отвори супермаркет на иднината

31 May 2021

Синџирот „Реве“ отвори нова продавница во Германија која ја опиша како „супермаркет на иднината“. 

На покривот на објектот, во чија изградба главно е користено дрво, е сместена градина за производство на босилек со кој ќе се снабдуваат околу 480 продавници ширум Германија. Во рамки на објектот се и базени во кои се одгледуваат околу 20.000 риби „циклиди“ кои ќе бидат достапни за купување од следната година. 

Маркетот е пилот проект за новата генерација одржливи „Реве“ продавници. Има 1.500 квадратни метри и се истакнува со архитектонски концепт составен од столбови од дрво и стаклен покрив. Проектант е компанија од Лондон, а водечката идеја била на посетителите да им се пружи амбиент на отворен простор со многу дневно светло. 

Со овој чекор воведовме нова генерација „зелени“ продавници бидејќи се залагаме за холистички пристап на одржливост не само во изборот на производите, туку и во изградбата на објектот, соопштија од „Реве“.  
 

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...