Свет

„Монделез“ ја презема „Чипита“ за 2 милијарди долари

27 May 2021

„Монделез“ потпиша договор за аквизиција со „Чипита“, грчка компанија за производство благи и солени печива и печени закуски. Договорот е во вредност од 2 милијарди долари.

Со седиште во Атина, „Чипита“ минатата година генерира продажба од околу 580 милиони американски долари. Производите на компанијата вклучуваат кроасани, лебен чипс, благи печива, бисквити и намази што се продаваат претежно под брендовите 7Days, Chipicao и Fineti.

Дирк Ван де Пут, претседател и извршен директор на „Монделез“, изјави дека аквизицијата на „Чипита“ е во рамките на стратегијата за развој во глобалниот бизнис во категоријата грицки. Иконските брендови и значителниот опсег на повеќе атрактивни географски подрачја ја прават „Чипита“ силно стратешко надополнување на нашето постојно портфолио и идните амбиции за пораст во Европа и пошироко“, истакна тој.

Производите на „Чипита“ се произведуваат во 13 фабрики и се пласираат во повеќе од 50 земји (вклучувајќи ги и САД), достигнувајќи до две милијарди потрошувачи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...