Свет

Португалија воведува такси за пијалаци во лименки и во пластични шишиња

27 May 2021

Португалија ќе воведе такса до 15 центи за купените лименки безалкохолни пијалаци, вода во шишиња и пиво.

Потрошувачите ќе имаат право на целосна наплата откако ќе ги вратат користените лименки и шишиња во назначените места за собирање.

Мерката се очекува да стапи во сила во 2023 година, а надоместокот ќе биде додаден на цените на одредени производи. Имено, таксата ќе важи само за водите и соковите во шише, безалкохолни пијалаци во лименки, сајдери и пиво. Целото пакување собрано на овој начин ќе се препрати до веќе утврдените места за рециклирање.

Надоместоците за шишиња со волумен помал од еден литар ќе се движат од 5 до 10 центи. За шишиња со капацитет до три литри може да достигне цена до 15 центи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...