Свет

Производителите на чоколадо се борат за етичко собирање какао-зрна

17 May 2021

Компаниите што произведуваат чоколадо и какао заедно работат на програма за подобро следење на потеклото на какао-зрната, со цел да се намали уништувањето на шумите и да се подобрат човековите права на фармите за какао.

Ова се наведува во извештајот на Светската фондација за какао. Компаниите што работат во оваа индустрија посочуваат дека можат да го следат потеклото на околу 74% од собраните какао-зрна од директни одгледувачи на Брегот на Слоновата Коска и на 82% какао-зрна од фармите во Гана.

Како што наведуваат тие, потеклото на зрната е многу полесно да се следи преку директни канали за набавка, а проблемот се јавува кај индиректните канали, во кои учествуваат голем број посредници.

Светската фондација за какао обединува повеќе од 80% од светските компании од оваа индустрија, вклучувајќи ги „ Бери Калебаут“, „Нестле“ и „Монделез“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...