Свет

„Карлсберг“ ја отвори најефикасната постројка за третман на вода

12 May 2021

„Карлсберг“ отвори нова фабрика за третман на вода во Данска, која ќе преработи дури 90% од водата што се користи во оваа пиварница.

Од „Карлсберг“ посочуваат дека ова е најефикасната фабрика за преработка на вода во светот и која ќе ѝ овозможи на компанијата до 2030 година повторно да ја искористи целата вода потребна за производство.

Новата фабрика ќе и заштеди на пиварницата повеќе од 500 милиони литри вода годишно. Потрошувачката на вода ќе биде речиси преполовена, бидејќи од сегашните 2,9 хектолитри вода за производство на еден хектолитар пиво, потрошувачката ќе се намали на 1,4 хектолитри вода за еден хектолитар пиво. Исто така, оваа фабрика ќе ја намали потрошувачката на енергија за 10%.

За да се осигури дека пречистената вода е безбедна, фабриката спроведе иновативни методи за прочистување и третман на вода, вклучително и УВ зраци што ќе ги уништат штетните бактерии.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...