„Карфур“ најави партнерство со повеќе нордиски трговци, што подразбира дека трговците од северот ќе купуваат приватни трговски марки на францускиот трговец.
Партнерството е потпишано меѓу „Карфур“ и групацијата на нордиските „Кооп“, во рамките на која работат трговците во Данска, Норвешка и во Шведска, како и со фински СОК, кој ги покрива сите споменати пазари.
Од „Карфур“ истакнаа дека преку партнерството, нордиските трговци ќе купуваат ралични трговски марки прехранбени и непрехранбени производи од Франција, Италија и од Шпанија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.