Трговецот со смрзната храна „Ајсланд“ лансира нов формат продавници, наречен „Свифт“ во Велика Британија. Првата продавница од овој тип беше отворена во март во градот Њукасл со целосно нов концепт и со слоган „Брзо. Свежо. Локално“.
К-продавницата (C-store, convenience store) се наоѓа во поранешен објект на трговецот на фреквентна локација. Асортиманот го сочинуваат околу 3.000 производи и додека во традиционалните продавници на „Ајсланд“ фокусот е на смрзнатите производи, новиот формат приоритет им дава на свежите.
Новиот изглед ги руши традиционалните бариери меѓу смрзната и разладената храна за да обезбеди комплетен асортиман на решенија за оброци, со одлични комбинации за појадок, ручек и за вечера, велат од компанијата.
Новиот формат „Свифт“ може да стане конкурент на „Теско експрес“, „Сеинсберис локал“ и на „Алди локал“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.