И покрај пандемијата на коронавирусот, најголемиот производител на пармезан – „Пармиџано Риџано“ го зголеми производството за речиси 5% во 2020 година.
Италијанскиот конзорциум лани произведе 3,94 милиони пити сирење или речиси 160.000 тони, а остварениот профит достигна до 2,35 милијарди евра.
Италија, која има удел од 56% во светскиот пазар на пармезан, во 2020 година остварила пораст на продажбата од 7,9%. Забележан е и зголемен извоз за 10,7%, при што поголемиот дел е испорачан во САД (20%), Франција (19%), Германија (18%), Велика Британија (13%) и во Канада (5%). Највисок пораст на извозот на пармезан е забележан во Австралија, кој изнесуваше високи 85,4%.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.