Свет

„Крогер“ планира двојно да ја зголеми онлајн-продажбата

08 Apr 2021
Третиот најголем трговец во САД (пред него се „Волмарт“ и „Костко“) планира двојно да го зголеми прометот во е-продажба до крајот на 2023 година.
 
Родни МекМален, извршен директор на „Крогер“, изјави дека синџирот сака да привлече потрошувачи со проширен асортиман на свежа храна, како и да го надгради онлајн-системот за нарачки со логистичка поддршка на британската компанија „Окадо“.
 
Вистина е дека работата од дома и намаленото одење во ресторани е меч со две острици, но веруваме дека победници во овој период ќе бидат тие што знаат да се приспособат, додаде МекМален.
 
Тој истакна дека компанијата е во процес на транзиција кон целосно дигитално време, кое „Крогер“ добро го користи. Онлајн-продажбата се зголеми за 116 проценти во изминатата деловна година, на над 10 милијарди долари.
 
Компанијата верува дека стратешките иницијативи ќе му помогнат да оствари одржлив приход на акционери меѓу осум и 11 проценти со пораст на нето-добивката од три до пет проценти.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...