Свет

„Дагрофа“ воведува нови ознаки за роковите

05 Apr 2021

Еден од водечките малопродажни трговци во Данска – „Дагрофа“ воведе нови ознаки за датумите на повеќе од 900 прехранбени производи од сопствената трговска марка.

Според компанијата, голем дел од потрошувачите се збунети од ознаките на пакувањето за рокот „најдобро до“, поради што добрата храна често завршува во канта за отпадоци.

Пакувањата на приватните марки OMHU, Gestus, Grøn Balance и First Price отсега ќе имаат и дополнителна ознака „често добро по“. „Дагрофа“ има цел да ги охрабри потрошувачите да го прегледуваат, мирисаат и вкусат производот, па преку сетилата да пресудат дали тој сè уште може да се јаде.

Овој потег е дел од стратегијата на трговецот да помогне во намалувањето на отпадот од храна во домаќинствата на потрошувачите. Студија на данската Агенција за заштита на животната средина проценила дека приватните домаќинства придонесуваат со 36% во вкупниот дански отпад од храна во земјата.

Освен тоа, „Дагрофа“ применува и голем број иницијативи за намалување на сопствениот отпад од храна, со цел тој да се преполови до 2030 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...