Светски познатиот производител „Рекит Бенкисер“ објави дека ќе инвестира 4,6 милиони евра во компанија за производство на средства за бричење, со седиште во Мумбај, Индија.
„Бомбај шејвинг компани“ е основана во 2016 година и опфаќа портфолио со повеќе од 100 средства за бричење, козметика за нега на тело и лице.
Од „Рекит Бенкисер“ велат дека со ова партнерство значително ќе се прошири нивната деловна активност на глобално ниво.
Задоволни сме што сме партнер со тимот на „Бомбај шејвинг компани“. Нашата инвестиција е заложба за комбинација на најдоброто од двата света – експертизата на партнерите во дигиталниот свет и нашата експертиза за брендирање и производство. Таа комбинација е формула за огромен успех, велат од раководството на „Рекит Бенкисер“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.