Се очекува германската „Реве група“ да прерасне во втор најсилен трговски синџир во Европа по приходи од продажбата - и покрај пандемијата, компанијата ги зголеми годишните приходи на 75 милијарди евра.
Според пишувањата на германските медиуми, пред „Реве“ сега се само „Лидл“ и „Кнауфланд“, односно нивната мајка компанија, групацијата „Шварц“. Според извршниот директор на „Реве“, тоа значи дека компанијата според приходи, ги помина и „Алди“ и „Карфур“.
Растот на групацијата воглавно е резултат на купувањето на веледрогеријата “Лекерланд“, кон крајот на 2019 година. Со тоа, „Реве“ доби дополнителни 12 милијарди евра приходи од продажба.
„Шварц“ и натаму има огромна предност, бидејќи „Лидл“ и „Кауфланд“ генерираат околу 110 милијарди евра годишен промет.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.