Свет

„Шпар“ и „Реве“ бесплатно делат медицински маски

05 Feb 2021

Синџирот маркети „Шпар“ на купувачите во Австрија им понуди бесплатни медицински маски FFP2, откако тамошната влада ги заостри мерките против пандемијата и им наложи на граѓаните вакви маски да носат во јавниот превоз, продавниците, аптеките и болниците. 

Од „Шпар“ соопштија дека секој купувач ќе добива по една маска дневно додека не се потрошат залихитите. За таа цел трговецот обезбеди околу 20.000 сертифицирани FFP2 маски, од кои повеќето се произведуваат на домашниот пазар. Продавачите ги делат маските на влезот во продавниците на „Шпар“, „Еуростар“, „Интершпар“ и „Максим“. 

Истата мерка ја презедоа и нивните германски соседи, со цел да го ограничат ширењето на вирусот. Групацијата „Реве“ обезбеди бесплатни медицински маски, кои се достапни на влезот од трговските синџири „Била“, „Меркур“ и „Пени“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...