Свет

Мирисни алергени најдени во козметика означена perfume-free

01 Feb 2021

Неодамнешното истражување координирано од Европската управа за квалитет на лековите и здравствена заштита (EDQM) при Советот на Европа укажа на одредени нерегуларности. Имено, некои козметички производи што се продаваат во Европа не ги задоволуваат постојните законски барања за мирисите кои предизвикуваат алергии.

Во периодот од 2018 до 2020 година во осум европски земји се собрани 932 примероци од козметички производи, како производи за нега на кожа, коса и усни, како и дезодоранси и парфеми. Примероците се произведени во 34 земји, а од нив, 84% се произведени во Европа. Од нив 544 примероци се означени со тврдењето „без парфеми“.

Сите примероци се тестирани за присутност на 24 мирисни алергени. Резултатите покажаа дека 7,7% не ги задоволуваат законските барања поради недостиг или лажна декларација за мирисните алергени, а 3,1% од производите што се продаваат на пазарот без мирис содржеле алергени мирисни компоненти.  

Студија открила 12,7% неусладени примероци од други причини.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...