Свет

„Волмарт“ претстави „самовозачко“ комбе за достава

22 Dec 2020

Најголемиот светски трговец „Волмарт“ објави дека почнува тестирање начин на испорака за следната година, користејќи „самовозечко“ комбе-возила. 

Првата американска држава во која ќе почне пилот проектот е Арканзас, каде е и седиштето на компанијата. 

Првото патување ќе биде долго 2 милји од големопродажниот центар „Роџерс“ до соседната продавница во Бентонвил. Од компанијата соопштија дека возилата веќе поминаа 70.000 милји во основната фаза на тестирање.

Американците имаат барем една продавница „Волмарт“ во круг од 10 милји. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...