Германскиот парламент изгласа забрана за пластични кеси во малопродажбата, почнувајќи од 2022 година, со тоа што и натаму ќе бидат дозволени тенки пластични кеси за пакување овошје и зеленчук и оние од подебел материјал наменети за повеќекратна употреба.
Забраната ќе се однесува на пластичните кеси со дебелина меѓу 15 и 50 микрометри, односно на стандардните кеси кои се користат во малопродажбата.
Неколку партии ја поддржаа забраната, со забелешки дека истата е повеќе „симболична“ или дека трендот на употреба на пластична амбалажа нема да се намали.
Во последните две години повеќето од трговските синџири во целост ги исфрлија пластичните кеси од употреба.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.