Свет

Безос со нова продажба на акции на „Амазон“ заработи 3 милијарди долари

06 Nov 2020
Шефот на „Амазон“, Џеф Безос, продал акции од својата компанија во вредност од 3 милијарди долари, покажуваат податоците на Американската комисија за хартии од вредност и берзи (СЕЦ). 
 
Безос од продажба на акции оваа година веќе заработи 10 милијарди долари, објави СЕЦ.
 
Безос во 1994 година го основа „Амазон“ и сѐ уште е најголемиот акционер на компанијата.
 
Богатството на 56-годишникот се проценува на 190 милијарди долари, што го прави најбогатиот човек во светот според „Форбс“ и “Блумберг“.
 
Вредноста на „Амазон“ е проценета на 1,6 билиони долари, а од почетокот на оваа година порасна за повеќе од 75 отсто.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...