Свет

Подобри резултати благодарение на Русија и на Кина

29 Oct 2020

Данската пиварница „Карлсберг“ ја подобри годишната прогноза за добивката по порастот на продажбата во третиот квартал, благодарение на добрите резултати во Русија и во Кина.

Од јули до септември, вкупните приходи на „Карлсберг“ се намалиле за 6,8% на 2,8 милијарди долари. Како главна причина компанијата го потенцира негативното влијание на девизниот курс. Ако се исклучат ефектите од аквизициите, приходите се намалени за 2,1%, покажуваат прелиминарните деловни резултати за третиот квартал.

Вкупната органска продажба се зголемила за 2,4%, а порастот бил особено силен во Кина и во Русија. Продажбата во баровите и во рестораните во третиот квартал годинава забележа пад за 20% во споредба со истиот период минатата година.

Пандемијата на Ковид-19 силно ја погоди продажбата на пиво, но продажбата на данскиот производител закрепна во некои земји, откако владите ги олеснија мерките за затворање на угостителските објекти во текот на летото. Тоа се однесува и на Кина, најголемиот пазар по обем на продажбата на „Карлсберг“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...