Регион

Групацијата „Бимал“ ја презема фабриката за масло од Сомбор

27 Mar 2019

Надлежните регулаторни тела во Србија ѝ дадоа согласност на компанијата „Бимал Инвест“ да го преземе мнозинскиот удел од 77 отсто во сомборската фабрика за масло „Ново Сунце“. 

Тоа е значаен чекор кон финалната аквизиција, која беше почната со потпишување писмо за намери на 27.12.2018 година. 

Со преземање на фабриката во Сомброр, која има традиција на производство од 1972 година, групацијата „Бимал“ ќе ја зајакне својата позиција на пазарите на Западен балкан, ЕУ и на Блискиот Исток. 

„Бимал“ групацијата е со седиште во Брчко, Босна и Херцеговина. Преработува маслодајни житарици во БиХ и во регионот. Бизнисот вклучува обработка, производство, трговија и складирање.   
 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...