„Кока - Кола“ е заинтересирана да ја купи и компанијата „Књаз Милош“, потврди Андреј Јовановиќ, директор на „Мои брендови”- Србија.
За оваа купопродажба се чека одобрение од Комисијата за заштита на конкуренцијата, иако во деловните кругови се смета дека купувањето на „Књаз Милош“ е веќе договорено.
Не е точно дека го продадовме” Књаз Милош” на „Кока - Кола“. Ако прашате дали се заинтересирани за купување, можам да кажам дека тие се заинтересирани, изјави Јовановиќ за „Вечерње Новости“.
Комисијата за заштита на конкуренцијата соопштија дека “Кока-Кола” сè уште нема поднесено барање, со цел да добие контрола врз “Књаз Милош”. Ако дојде до оваа аквизиција, „Кока - Кола“ ќе има околу 40 отсто од уделот на пазарот, што е на маргините на монопол.
Според весникот, бизнис круговите шпекулираат дека постои опција, доколку “Кока - Кола” не го помине антимонополот, може да ја продаде “Роса” на Нестле.
Како дел од “Мои брендови”, работат компаниите „Имлек“ и „Књаз Милош“, како и „Бамби“ која деновиве беше купена од „Кока - Кола ХБЦ АГ“ за 260 милиони евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.