Отворен е нов максимаркет „Томи“ во Врска на улица д-р Фрањо Туџман, 107, со што компанијата продолжи со ширењето на својата продажна мрежа низ Хрватска.
Максимаркетот е модерен и функционално опремен, според препознатливиот стандард на „Томи“, кој нуди удобност во купување, со вообичаената конкурентна понуда и широк асортиман на прехранбени и непрехранбени производи, во кои доминантно се појавуваат хрватски производи од хрватски производители. Површината на максимаркетот е над 750 метри квадратни, со голем број паркинг места достапни за купувачите. Во овој максимаркет се инсталирани каси за самопослужување, а процесот на прифаќање на амбалажата е модернизиран и забрзан со инсталирање на најновата генерација на системот за прифаќање на пакувања. Оваа нова продавница, како и целата малопродажна мрежа на „Томи“ нуди голем број дополнителни услуги и поволности за купувачите, соопштуваат од компанијата на Linkedin.
Извор/Фото: „Томи“/Linkendin
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.