Трговскиот синџир „Теди“ продолжува со ширењето на својата продажна мрежа низ Хрватска со отворање на нова продавница на адреса Свилајска улица 35б во Осиек, во трговскиот центар „Ретфал“.
Ова е 90. продавница на овој трговски синџир, таа има продожен простор од над 840 квадратни метри. Во неа на купувачите ќе им биде достапен широк асортиман од над 17.000 непрехранбени производи, вклучувајќи артикли за забава, подарок пакети, производи за домаќинство, ракотворби, декоративни артикли и друго.
Современиот концепт на продавницата е дизајниран да им овозможи на купувачите пријатна атмосфера и едноставен преглед на разновидната понуда, додека постојаната понуда се истакнуваат повеќе од 3.000 артикли по цена од само едно евро, соопштуваат од компанијата.
По повод отворањето подготвени се атрактивни понуди за потрошувачите, а прославата вклучува и дополнителни содржини, како тркало на среќата, сликање на лицето, моделирање на балон, пуканки, пијалоци, храна и други изненадувања.
Извор: InStore.rs
Фото: „Теди“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.