Компанијата „Метро кеш & кери“ – Хрватска, отвори нов големопродажен центар во Пула, кој се наоѓа на улицата Индустриска 23.
Новиот центар во Пула се наоѓа на многу поголема парцела, што овозможи проширување на капацитетите и модернизација, се вели во соопштението на компанијата.
Според компанијата, продажната површина на центарот е за 60% поголема што овозможува уште поширок асортиман на производи, зголемување на капацитетот за испорака и простор за подобрување на складирањето и логистичкото работење.
Ова е многу повеќе од отворање на нов центар - ова е почеток на ново поглавје, место каде се спојуваат квалитетот, иновативноста и партнерството. Центарот на „Метро“ во Пула е дизајниран со цел да стане повеќе од продавница - ние сме тука како партнери за да им обезбедиме на нашите клиенти поддршката што им е потребна и што ја заслужуваат. Им благодарам на сите што придонесоа за овој проект, на сите што веруваа во нас и на сите присутни. Заедно отвораме ново поглавје, а нашето ветување останува исто: да бидеме доверлив партнер, да обезбедиме инспирација и поддршка на нашите купувачи на патот кон успехот, изјави Мирела Мирковиќ, директорка на новит центар во Пула.
Отворањето на големопродажниот центар го поздрави и заменик градоначалникот на Пула, Бруно Чергнул.
За потсетување, „Метро“ започна со работа во Хрватска на крајот на 2001 година со отворањето на првиот центар за големопродажба во загрепски Јанкомир. Денес компанијата работи со вкупно десет центри на големо во Загреб, Риека, Сплит, Задар, Осиек, Пула, Вараждин, Пореч и Дубровник.
Извор: InStore.rd
Фото: „Метро“ - Хрватска
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.