Регион

Хрватска: Мајонезот Zvijezda слави 65. годишнина

17 Oct 2024

Компанијата „Звијезда“, која членка на „Фортенова група“ одбележува 65 од производството на мајонезот Zvijezda.

Мајонезот е прв пат произведен во 1959 година и до денеска се произведува според оригиналната рецептура, од свежи јајца и сончогледово масло.

Според истражувањата, мајонезот Zvijezda со години ја држи водечката позиција надвор од хрватскиот пазар. Прогласен е за најсилен бренд во Хрватска за 2023 година, според истражувањето на „Брандплус“ и покрај тоа е носител на ознаката „Хрватски квалитет“, која ја доделува хрватската Стопанска комора и на наградите „Вомен чоис“ 2024 и „Кулест брандс“ 2024.

Денеска мајонез покрај во Хрватска се продава уште на 15 странски пазари, со што минатата година биле продадени осум милиони ќесички.

 Со гордост славиме 65 години од мајонезот Zvijezda, производ кој стана незаменлив дел од прехранбената кулура во Хрватска. Одржувајќи го традиционалниот рецепт и високиот квалитет, останавме верни на оригиналните, природни состојки, а во исто време воведувавме иновации за задоволување на непцата со различни вкусови и срцата од сите генерации. Нашиот однос со потрошувачите се заснова на довербата што ја градевме со децении, обезбедувајќи им производ што ги задоволува нивните различни потреби и преференции, изјави Гашпар Новак, директор на секторот за маркетинг и развој на „Звијезда“.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Звијезда“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...