Регион

Хрватска: „Лидл“ им подари 20.000 Lupilu пакети на новороденчињата

26 Sep 2024

„Лидл“ – Хрватска ќе додели 20.000 пакети за новородените бебиња, во кои покрај производите од „Лидл“, тие ќе содржат и водич „Се што му треба на бебето“, во кој се содржани совети од педијатри, психолози и искуства од родители и стручњаци.  

За овие пакети родителите ќе можат да се пријават преку апликацијата „Лидл Плус“.

Покрај поклон пакетите, компанијата ќе го поддржи и проектот „Невидлива“, изложба посветена на мајчинството во огранизација на порталот „Супермама“ и фотографката Ана Сурач.

Овој проект е продолжување на серијалот „Ова е мајчинство“, со кој основачките на порталот „Супермама“, Соња Швајхлер и Мартина Фригановиќ, заедно со фотографката Ана Сурач, покренаа разговори за сите аспекти на мајчинството, вклучувајќи ги и оние „невидливи“ проблеми преку кои поминуваат сите мајки, како што е дискриминацијата на работа, пост породилната депресија и недостигот на поддршка.

Отворањето на изложбата е проследено со панел на кој учествуваше проф. д-р спец. Миливој Јованчевиќ, а пред присутните се обрати и раководителката на секторот за корпоративни комуникации, Марина Дијаковиќ.

 Поддршката за проектот „Невидлива“ произлегува од повеќегодишната квалитетна и успешна соработка која „Лидл“ ја има со основачките на порталот „Супермама“. Преку брендот на „Лидл“, Lupilu, кој навистина нуди широк асортиман за бебиња и деца, покажуваме дека сме партнер и сојузник на младите родители. Нашите купувачи препознаваат дека „Лидл“ стои зад младите родители од првиот ден и тоа се докажува со податокот дека во рекорден рок остваривме 20.000 пријави за нашите Lupilu пакети за добредојден на бебињата. Како продолжување на приказната „Лидл“ го поддржа и овој проек преку кој со приказните на храбрите мајки низ впечатливите уметнички фотографии се пренесува силна порака за важноста и поддршката на заедништвото, изјави Дијаковиќ

 

 

 Извор: InStore.hr

Фото: „Лидл“ - Хрватска



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...