Регион

Хрватска: Акција на „Лидл“ за чистење на реката Купа

12 Sep 2024

Компанијата „Лидл“ – Хрватска во соработка со иницијативата „Чисто подземје“ и клубот за подводни активности од Карловац во акцијата за чистење на реката Купа отстрани три кубни метри на ѓубре.

Настанот се организира втора година по ред како дел од пошироката иницијатива на „Шварц група“, која покрената во рамките на стратегијата на групата - „РЕсет пластик“.

Горди сме на долгорочната соработка на разни проекти со иницијативата „Чисто подземје“, поради што повторно ја дадовме поддршката во акцијата на чистењето на реката Купа во Карловац. Во „Лидл“ – Хрватска продолжуваме посветено да работиме на бројни општествено – одговорни иницијативи за имплементирање на статегијата „РЕсет пластик“, за да придонесеме во отстранувањето на пластиката од природата и да укажеме на важноста на заштитата и зачувувањето на нашата планета, истакна Лана Југо, раководителка на одделот корпоративна одговорност и одржливост во „Лидл“ – Хрватска.

 Продолжуваме со чистењето на реките од отпадот, а ова е наша втора акција за чистење на Купа, во соработка со нуркачкиот клуб што претставува одличен придонес во заштитата на водата во Хрватска, изјави, Руѓер Новак, раководител на иницијативата „Чисто подземје“.

Во оваа акција учествуавле околу дваесет волонтери кои од реката извадиле ѓубре, како што пластика, метал, гуми, па дури и еден велосипед.

 

Извор: InStore

Фото: „Лидл“ - Хрватска



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...