Порталот „тПортал“ пренесува дека „Лидл“ вовел електронски цени во сите свои маркети низ Хрватска.
Од компанијата истакнуваат дека со електронските цени ќе овозможат брза и прецизна промена на цените, како и ново ниво на интеракција со купувачите.
Овие електронски ознаки не ги заменуваат само цените, туку и останатите визуелни информации за купувачите, што е уште еден чекoр кон поголема дигитализација на нашите продавници, соопштуваат од компанијата.
Од неодамна компанијата воведе електронски цени и во Словенија, каде што очекуваат годишно да заштедат над 20 тони хартија и во Србија каде што годишно се очекува да заштедат 21 тон хартија.
Ваквата иницијатива „Лидл“ ја покрена и во други држави како што е Португалија, каде што до крајот на 2024 година ќе воведе дигитални цени во сите свои продавници, а компанијата ќе инвестира над 50 милиони евра во дигитализацијата на цените во 650 свои продавници низ Шпанија.
Извор: InStore.rs
Фото: „Лидл“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.