Регион

Словенија: Најниска стапка на инфлација во последните три години

01 Jul 2024

Меѓугодишната стапка на инфлација во Словенија во јуни изнесува 1,5 отсто, а минатата година во истиот период изнесувала 6,9 отсто.

Државниот завод за статистика соопшти дека тоа e најнискиот раст на цените од јуни 2021 година, кога годишната стапка на инфлација изнесувала 1,4 отсто. Во однос на мај потрошувачките цени пораснале за 0,4 отсто, пренесува „Мина“ повикувајќи се на „Сибиз“.

Најголемиот придонес во годишната инфлација од 0,5 процентни поени имало зголемувањето на цените во рестораните и хотелите за 6,7 отсто. Следувало зголемување на цените  на добрата и услугите за 4,9 отсто, кои додале 0,4 процентни поени.

Цените на услугите на годишно ниво во просек пораснале за 4,2 отсто, а на стоките за 0,2 отсто. Полутрајнта стока поскапела за 1,5 отсто, а стоката за дневна потрошувачка за 0,3 отсто, додека кај трајната стока има поевтинување од 1,4 отсто.

Во меѓугодишната споредба најмногу поевтинување има кај електричната енергија, гасот и останатите горива за 7,7 отсто, што ја ублажило инфлацијата за 0,6 процентни поени.

 Потрошувачките цени во првата половина од годинава пораснале за 2,4 отсто а во истиот период лани имале пораст од 4,9 отсто.

 Извор: biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...