Локално

Емилија Несторова: Allurе кoмерцијалнaта гама на Peugeot е синоним за професионалност и сигурност

16 Oct 2024

Брендот Peugeot лансираше целосно нова гама на товарни возила, а секое од возилата може да се понуди и со електричен погон. Кои се најзначајните карактеристики по кои гамата на Peugeot се издвојува?

Кога „лавот“ е дел од вашиот бизнис, тогаш сте сигурни дека доверената задача ќе биде извршена. Новата гама на комерцијални возила Peugeot e наменски конструирана и дизајнирана од професионалци за професионалци. Нашите товарни возила се создадени за да ги задоволат сите бизнис-потреби за транспорт на добра. За да може да одговориме на најразличните потреби на компаниите, ние нудиме различни модели на возила, од помало товарно возило како што е Peugeot Partner со капацитет до 3,8m3, поголемо возило како што e Peugeot Expert со капацитет од 5,3 до 6,6m3, па сè до големо товарно возило т.е. Peugeot Boxer чиј товарен капацитет во зависност од верзијата изнесува од 8 до 17m3. Исто така, клиентите со нас имаат избор помеѓу целосно електрични и модели со мотор на внатрешно согорување. Тука е есенцијално да се потенцира дека без разлика за кој погон ќе се одлучат клиентите, волументот на товарниот простор нема да биде намален. Новата товарна гама на Peugeot има нов, впечатлив и смел дизајн особено во делот на предните браници. Пожелно е да се информираат професиналците, дека новиот дизајн не е во насока само да се „разубави“ изгледот на возилата, туку промената на дизајнот пред сè е во насока на зголемување на аеродинамичноста што директно влијае кон зголемена ефикасност и безбедност на патниците и пешаците. Товарните возила на Peugeot се опремени со најнова технологија, за да помогнат на корисниците при сите нивни потреби за транспорт, без разлика на должината на патот. Со нас, клиентите имаат избор. Не само избор согласно потребниот волумен и носивост, тип мотор: електричен или мотор со внатрешно согорување, туку ѝ избор помеѓу значајни елементи од опременоста кои се на услуга на корисникот. Така, на пример возилата поседуваат: современ навигациски систем, можност за поврзување со паметен телефон, USB приклучок за полнење на паметен телефон, удобни и ергономски седишта, ефикасен клима-уред и разни напредни, корисни системи за помош при возење итн.

 

Што сметате дека е ваша предност?

Ние постоиме за клиентите, тие се одговор на нашето „зошто?“. Оптимално сме екипирани, се грижиме за ефикасно извршување на сите процеси, интерно поставуваме високи цели и се поставуваме во „чевлите“ на клиентите. Нашата грижа и не дозволува поинаков пристап, бидејќи сме фокусирани процентот на задоволни клиенти да биде секогаш повисок и од 90%.

  • „Еуроимпекс“ е првата приватна компанија во Македонија во полето на автомобилската индустрија;
  • Голем број на лојални и задоволни клиенти со кои си имаме „подадено рака“ за овие 35 години постоење;
  • Висококвалитетен, обучен и професионален кадар во полето на пост-продажбата;
  • Располагаме со регионален тренинг-центар кој се грижи за надоградување на знаењето на нашите колеги;
  • Достапни сме. Имаме  2 сервисни локации поставени на 2 различни страни во Скопје;
  •  Флексибилни сме во однос на времето за закажување за сервис;
  • Располагаме со голем лимариски центар со масимално стручен и професионален кадар;
  • Застапуваме бренд со богато историско искуство од повеќе од 200 години, и цврста проекција за иднината во следните години;
  • Еволуцијата на надворешниот и внатрешниот дизајн е во насока на корисничките навики и потреби, дополнително најсовремените технолошки иновации и безбедносни системи вградени во возилата дополнително ја зголемуваат довербата...

Затоа и реков кога „лавот“ е дел од вашиот бизнис, тогаш сте сигурни дека доверената задача ќе биде извршена“.

Колку македонските компании се запознаени со придобивките од користење на електрично возило?

Можам потврдно да одговорам на ова прашање, секоја година интересот за овие возила е сѐ поголем. Македонските компании се современи, ги следат и имплементираат европските трендови. Имаме компании кои веќе имаат инсталирано станици за полнење во кругот на компанијата и парцијално почнале со промена на возиниот парк. Новите електрични возила на Peugeot имаат одлична автономија. На пример, опсегот на E-Partner изнесува до 330km, а кај Е-Boxer до 424 km според WLTP нормите. Интересот се зголемува, а новата технологија е таа која предизвикува промени.

Вие имате повеќегодишно искуство во полето на флотните набавки, што би им советувале на компаниите кои користат товарни возила во своето работење?

Кога компаниите избираат возило за својот бизнис, не го избираат само возилото, во суштина тие избираат партнер за соработка. Возилото е еден од основите елементи на кои се базираат многу бизниси и секој еден застој кога возилото не циркулира, ја носи кривата на компанискиот приход во надолна линија.

Кога се носи одлука за набавка на возила, треба предвид да се земат сите фактори кои во иднина ќе влијаат на ефективноста при користењето, а не само цената во моментот на купување. За да биде затворен „кругот“, есенцијално е да се согледаат не само условите при продажба, туку сериозен фокус да се даде и на пост-продажниот процес, како и на тоа кој тим ќе ги врши пост-продажните активности.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...