Регион

Србија: „Неопланта“ донирала производи во вредност од 12,7 милиони динари

12 Feb 2024

 Компанијата „Неопланта“ која е членка на „Нелт група“, донирала на хумантираните организации низ Србија над 118.000 производи во вредност од 12,7 милиони динари.

Донацијата содржела 115.000 паштети Patelina со различни вкусови ( пилешка, мисиркина, јуниор и пишелша пикант) и 3.700 парчина од говедскиот нарезок.

Среќни сме и горди што можеме да дадеме поддршка на организациите кои прават неизмерна промена во животите на луѓето ширум Србија. „Неопланта“ верува во одговорноста спрема заедницата, општеството и околината. Со оваа донација сакаме да придонесеме во создавањето на подобра иднина и да дадеме поддршка на оние на кои им е најпотребна и заедно со нашите партнери да градиме одржливо и хумано општество. Како производители на храна не смееме да дозволиме во 21 век да има гладни и затоа чувствуваме потреба да придонесеме во решението на овој проблем, изјавил Ацо Томашевиќ, директор на „Неопланта“.

Донациите биле распределени на следните организации: Банка за храна – Белград, Банка за храна – Војводина, Центар за социјална работа – Шабац, Огранизацијата „Пријатели во неволја“ и на Архиепископијата белградско – карловачка за верското добротворно старателство.

Извор: InStore.rs

Фото: „Неопланта“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...