Регион

БиХ: „Конзум“ ќе користи повратна амбалажа за овошје и зеленчук

09 Feb 2024

 Од почетокот на годинава „Конзум“ склучил договор за соработка со компанијата „Елог“ д.о.о.

Соработката се однесува  за користење на повеќекратна повратна амбалажа за потребите на дистрибуирањето на овошјето, зеленчукот, на другите производите од категоријата – свежа храна, складирањето, како и изложувањето во над 250 продажни објекти на „Конзум“ и „Меркатор“ во БиХ.

Ни претставува посебно задоволство ми е да ја истакнам нашата компанија која од година во година прави исчекори во поглед на осигурувањето на подобра ефикасност во процесот на дистрибуција и изложување на робата, а исто така како голем трговски синџир и со користењето на повеќекратна амбалажа директно да придонесува во намалување на производстово на отпад и зачувувањет на животната средина. Соработката со компанијата „Елог“ д.о.о е уште еден значаен чекор на ова поле и среќен сум што ќе имаме двострано задоволство да ги споиме силите и дополнително да ја подобриме одговорноста на компаниите кога е во прашање зачувување на животната средина и одржливост, изјавил Адис Рујанац, раководител на одделот за логистика во „Конзум“.

Новата амбалажа овозможува поголема употребливост на транспортните единица и директно намалувајќи ја вкупната емисија на СО2.

Ергономскиот дизајн и малата тежина го олеснува нејзиното носење и со тоа се спречуваат потенцијалните повреди и губењето на продуктивноста кај вработените, соопштуваат од компанијата.

   

Извор/Фото: „Конзум“/„Линкедин“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...