Во организација на Instore медија-Србија, денеска во Сава центарот во Белград се одржува CEO Summit, на кој годинава учествуваат над 450 учесници и на кој е собрана регионалната бизнис елита и претставниците на клучните меѓународни финансиски институции.
Учесниците на самитот ќе имаат можност да ги слушнат инспиративните излагања на CEO визионерите и бизнис лидерите, меѓу кои се: Ксенија Кариќ, CEO „Шнеидер Електрик“, Александар Костиќ, потпретседател на „МК груп“, Мајк Мишел, СЕО ,,Јетел Србија“, Никола Вулетиќ, претседател на управниот одбор на „Уникредит банка“, Дејан Бодирога, претседател на Евролига, Нино Пуенте Леите, генерален менаџер на „Саут-централ Јуроп Балтикс“, „Пепсико“, Милош Ставриќ, „Банк оф Америка“, амбасадорот на САД, Кристофер Хил, годинешните земји партнери на СЕО Summit.
Небојша Бјелотомиќ од иницијативата „Дигитална Србија“ во рамките на панелот „Дигитална Србија“ ќе разговара со Александар Грашиќ (Основач на „Аутлиерс) и со Лука Аничин („Мапин Леарнинг Дата консултант), додека претседателот на Научното друштво на економисти-Србија, професорот на Економскиот факултет и главен уредник на билтено „Квартален монитор“, Милојко Арсиќ, ќе говори за економската перспектива на Србија.
Покрај тоа, од креативнито стратег, Лазар Џамиќ, учесниците ќе можат да слушнат за брендовите во модерното време, кои поради специфичностите на природата на дигиталните медиуми, еволуираат (Storytelling во Storydoing во Storyliving), додека Весна Бенгин од Институтот „Биосенс“ ќе зборува за примената на ИТ технологијата во земјоделството.
Во осумчасовното разменување на идеи и искуства, на самитот ќе има две паузи и коктел за вмрежување.
Извор/Фото: Instore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.