Регион

Акција во Србија: „Подобра цена - цена за народ“

13 Sep 2023

Од денеска, во продавниците во Србија по пониски цени можат да се купат 20 основни производи за исхрана, хигиена и домашна хемија. Акцијата под назив „Подобра цена - цена за народ“ ќе трае до 31 декември, при што производите со намалени цени ќе бидат обележани со посебна налепница. 

Мешу нив се: млеко, јогурт, сирење, јаболко, компир, тестенини, пилешко месо, салама, безалкохолни пијалаци, кафе, храна за бебиња, шампони за бебиња и за возрасни, пелени, тоалетна хартија, детергенти....

Шпагетите, кои чинеа 75 динари, од денес ќе се продаваат за 49,9 динари; долготрајното млеко наместо 109,9 динари, сега ќе чини 95 динари; кафе од 100 грама ќе се продава за 89,9 динари, наместо 139,9 динари колку што беше досега. 

Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ, ги повика граѓаните да ја искористат акцијата. 

Во заеднички напори со трговските синџири и со производителите успеавме да издвоиме пакет производи и да ги понудиме за граѓаните по значително пониски цени. Не станува збор за симболична бројка производи, туку за 20 многу важни производи. Ги повикуваме производителите дополнително да ја намалат својата заработка. Препознаваме дека навистина е неопходно во овие услови, кога во Европа владее нестабилност, да го заштитиме стандардот на нашите граѓани и сметам дека ова е коректна мерка, изјави Момировиќ.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...