Регион

БиХ најде нов пазар за извоз на јаболка наместо рускиот пазар

11 Apr 2023

Како нов извозен пазар за јаболка од БиХ се појави Саудиска Арабија, која веројатно е нов пазар наместо досегашниот руски пазар. 

Во првите два месеци од годинава немаше извоз на јаболка од БиХ во Русија, поради војната, климатските промени и енергетската криза. Во првите два месеци од 2022 година во Русија беа извезени јаболка во вкупна вредност од 519.296 конвертибилни марки. 

Саудиска Арабија во моментов е на врвот кога станув збор за извоз на јаболка од БиХ, кој во првите два месеци изнесуваше 129.344 конвертибилни марки. Во истиот период во Обединетите Арапски Емирати се извезени јаболка во вредност од 347.481 кнвертибилни марки, додека извозот на јаболка во Црна Гора изнесуваше 320.530 конвертибилни марки. 

Во БиХ пак, најмногу јаболка се увезени од Полска, од Македонија и од Италија. 

Извор: INB2B Media
 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...