Регион

„Лидл“ - Хрватска исплаќа 13 плата

16 Feb 2023

Трговецот „Лидл“ во Хрватска шеста година по ред ги зголемува платите. Зголемување од 7 отсто добија работниците во трговијата и во магацините. Покрај ова зголемување, сите вработени ќе добијат 13 плата. 

Само минатата година „Лидл“ исплати 8000 куни додаток на плата преку парични награди, додатоци за Велигден и за Божиќ. 

Би сакал во име на „Лидл“ и во свое име најискрено да им се заблагодарам на сите наши вработени за преданата работа. Зад нас се месеци и години што ни донесоа бројни предизвици, но нашите вработени уште еднаш покажаа дека се нашиот највреден ресурс и темел на нашиот успех. Во „Лидл“ континуирано сме насочени кон развојот на нашите вработени. Ова зголемување на платите, како и 13 плата, е уште еден начин да покажеме колку ја цениме нивната работа, изјави Борис Ложиќ, претседател на Управата на „Лидл“ - Хрватска.  

Освен континуирани зголемувања на платите и на другите додатоци, трговецот вложува и во едукација, тренинзи, стручно усовршување и програми за стипендирање за натамошен развој во кариерата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...