Регион

Србија лани извезе вино во вредност од 16 милиони евра

14 јун 2021

Србија во 2020 година произведе речиси 23 милиони литри вино, а извезе 11,17 милиони литри вино, во вредност од околу 16 милиони евра, соопшти српското Министерство за земјоделство.  

Исто така, бројот на регистрирани производители константно расте. Во јуни 2021 година во Србија се регистрирани 430 производители на вино, додека во 2016 година ги имаше 295. 

Лани Србија произведе 7,2 отсто помалку вино во споредба со 2019 година. Од Министерството велат дека, меѓу другото, причина е и намалениот род на грозје поради градот кој во мај лани погоди одредени делови од државата познати по производството на грозје. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...