Регион

„Бимал“ презема мнозински удел во фабриката „Бечејка“

21 May 2021

Компанијата „Бимал“ и фабриката за добиточна храна „Бечејка“ потпишаа меморандум за разбирање во кој „Бимал“ изрази намера да го преземе мнозинскиот удел во оваа фабрика.

Групацијата „Бимал“ ги извести надлежните регулаторни тела за заштита на конкуренцијата во Србија и Босна и Херцеговина и ги пополнува истите известувања во другите национални институции каде има обврска за известување.


„Бимал“ преку својата компанија „Бимал агри“ во Бечеј, соработува со фабриката за сточна храна „Бечејка“ со години. Со оглед на тоа што тие се наоѓаат во непосредна близина, природен начин е спојувањето на овие две единици во економски и логистички интегриран агро-индустриски комплекс, кој како дел од групацијата „Бимал“ ќе добие посилна позиција во однос на технолошкото знаење и извозен потенцијал.

Во 2019 година, „Бимал“ ја купи фабриката за производство на масло за јадење „Бимал сунце“ во Сомбор, и со иницирање на аквизиција и интеграција на фабриката „Бежејка“, го продолжува развојот на деловната група и проширувањето на производствените капацитети во Србија.

Денес, групацијата „Бимал“ вклучува фабрики за производство на масло за јадење „Бимал“ во Брчко и „Бимал сунце“ во Сомбор, „Бимал трејдинг и „Бимал инвест“ во Белград, „Бимал агри“ во Бежеј, „Шитопромет“ и Институтот за развој и подобрување на земјоделството - ИРУП во Брчко .



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...