Македонија

„Кам“ го отвори 74. маркет

11 Sep 2020

Синџирот хард-дисконти „Кам“ продолжува со проширување на малопродажната мрежа.

На 1 септември во 8 часот се отворија вратите на најновиот 74. маркет „Кам“ во рамките на „Поинт ритеил парк“ на бул. Македонско-косовска бригада, бр. 67, меѓу скопските општини Чаир и Бутел.

Вкупната површина на новиот „Кам“, во кој има 5 наплатни каси, изнесува 755 м2, од кои 687 се продажен простор, а 68 квадрати се магацински. Во маркетот работат 10 вработени. Асортиманот го сочинуваат околу 1.200 производи.

Македонскиот хард-дисконтер наскоро планира отворање на уште 4 нови маркети.

„Кам“ е пример за успешна и прогресивна компанија, бренд кој во Македонија стана синоним за маркети во кои секојдневно пазаруваат повеќе од 70.000 потрошувачи. Најпосетуваниот синџир во Македонија  веќе четврта година е присутен и на пазарот во Косово со 16 маркети и во Бугарија со 12 маркети, изјавија за InStore од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...